knights-ferry-imagea-large-100627659-large

Најголемиот производител на процесори наменети за супер компјутерите, планира да ги донесе овие ѕверки и во десктоп машините. Добро, не баш во десктопот што го имате дома, но во поголемите машини кои ги користат компаниите за преработка на видеа и 3D анимации.

Перформансите кои со себе треба да ги донесе овој супер-компјутерски процесор се страшно високи, односно 3 teraflops, што е неколку пати повисоко од она што го можат најдобрите процесори моментално. Intel Xeon Phi Knights Landing, како што е целото негово кодно име, има дури 72 физички јадра, кои се одлични за симултано работење на повеќе апликации, иако се уште немаме информации за тоа на која фреквенција ќе работат.

Како кај графичките чипови и овој на Intel ќе има вградена рам меморија MCDRAM, која има пет пати повисок проток на податоци од DDR4, односно е пет пати поефикасна од GDDR5 графичкиот рам. Самата архитектура на процесорот е мешавина на стандардни x86 чипови (какви што имате во вашиот компјутер или лаптоп) и специјализирани чипови, слични на оние во графичките картички, кои можат да помогнат во тешки програми.

Чипот е се уште во експериментална фаза, а и за да можете да го вградите во некој компјутер, прво ќе мора да имате софтвер кој ќе може да го покрене, сличен во кодот на оној од супер компјутерите. Доколку биде лансиран, се очекува да биде користен за различни апликации, како пресметка на комплексни научни истражувања.

Извор: PCWorld, AnandTech

Претходна статијаКаков хардвер ви е потребен и како да го инсталирате Windows 10
Следна статијаPascal архитектурата на NVIDIA ќе донесе графички со 16 GB рам и 1 TB проток