hp-pagewide-pro-477dw-mfp-printer-100648817-large

HP конечно ги враќа принтерите со мастило на сцената во бизнис светот – нивните нови принтери имаат нова технологија на печатење, многу побрза од inkjet принтерите, но и поевтина и со поголем квалитет од ласерските принтери, а благодарение на пигмент – мастилото.

Единствен недостаток, ако може така да се каже, е што мастилата, односно кертриџите ќе мора да се купат директно од HP – во овие принтери нема да може да се вградат мастила од други производители. Цената на еден кертриџ ќе изнесува 40 долари – доволно за печатење на 20.000 страни за црното и 17.000 страни за мастилата во боја.

nbgh

Предноста на овие принтери е во тоа што печатењето се врши одеднаш на целата хартија и поради тоа брзините се исклучително големи – најбрзиот принтер во понудата може да испечати 75 страни во минута во нормален режим, односно 50 страни во минута во режим за висок квалитет на принтот. И секако, принтерите имаат вградено Wi-Fi, кое овозможува печатење преку вградената безжична мрежа во компаниите од било кој компјутер и дури и од смартфон преку HP All in One Printer Remote апликацијата.

Многу важно за малите претпријатија – овој принтер е исклучително економичен, односно печатење на една страна ќе чини 0,01 центи за црна боја, односно 0,06 центи за принтови во боја, што според HP е половина од цената на принт од ласерски принтер. Заедно со високата брзина на печатење, ова ги прави одличен избор за фирмите кои печатат многу документи.

6716070f915138420f44d8d65471f0b33d0d9b2a

Секако, цените на овие принтери се повисоки во однос на стандардните принтери кои ги имаме по дома – HP PageWide Enterprise Color MFP 556 и 586 чинат 749, односно 1.999 долари, имаат дисплеи на допир за вршење промени во документите и наменети се за печатење на 15.000 страни месечно со брзина од 75 страни во минута, HP PageWide Pro серијата се движи од 400 до 700 долари и е наменета за печатење на 6.000 страни месечно со брзини до 55 страни во минута, додека најевтините OfficeJet Pro принтери чинат 130, односно 200 долари.

Извор: PCWorld, Digit, Manila Bulletin

Претходна статијаFacebook Messenger за Android со нов „материјален“ дизајн
Следна статијаПаметните телефони стануваат скенери – сите документи од сега во џеб