Очилата на Google кои ни ја навестија изменетата реалност беа пренапредни за своето време – иако во почетокот добија многу публицитет, кај купувачите поминаа скоро незабележано. И покрај тоа, многу групи на луѓе ги најдоа како корисни во своите бизниси, како на пример медицината, авио индустријата и брзата пошта.

Всушност, само со помош на Google Glass очилата, компанијата AGCO која се занимава со производство и развој на опрема за агрикултура, успеала да го зголеми своето производство за цели 25%.

DHL од друга страна успеал да ја зголеми ефикасноста на синџирот за достава за 15%, додека во медицината им овозможила на докторите да поминуваат 50% повеќе време со пациентите.

Ова само докажува дека за изменетата реалност дефинитивно има место во светот. Затоа, Google (односно гранката Alphabet X) ги релансира Glass како Enterprise Edition, кои ќе бидат директно наменети за компаниите. Нив нема да може да ги купите во ниту една продавница, односно ќе бидат ексклузивни за бизнис корисниците.

Новите Google Glass Enterprise Edition сега имаат и подобрен дизајн и од компанијата велат дека се многу поудобни за носење подолго време. Воедно, тие имаат и побрз Intel Atom процесор, а визирот (малиот проѕирен дисплеј) сега ќе биде поголем и со подобра резолуција. Исто така, делот со визирот сега ќе може и да се откачи, што значи дека него нема да мора да го носите цело време, а ќе може и да го преместите на друга рамка очила. Се на се, ова повеќе личи на нов модел отколку само подобрување на претходните Google Glass.

Извор: Engagdet, The Verge, TechCrunch

Фото: AGCO, DHL

 

Претходна статијаWizz Air ја најави новата политика за кабински багаж
Следна статијаNokia лансира два нови мобилни телефони со цена од 14,5 и 21,5 долари