GEM1

Genius претстави нов, иновативен “Energy Mouse”, кој освен функцијата на компјутерско глувче ќе може да послужи и како полнач за вашиот телефон или таблет.

GEM2

Станува збор за безжичен маус со резолуција од 1200dpi кој работи на радио фреквенција од 2.4GHz што овозможува непречен сигнал во радиус до 10 метри. Во маусот е вградена литиумска батерија со капацитет од 2700 мили-ампер часови, од која преку микро USB кабел ќе може да ги полните вашите smart уреди. За своите потреби маусот користи посебна резерва која не се троши додека го користите како полнач и која може да издржи до 18 месеци. На маусот се интегрирани и 4 LED сијалички кои го прикажуваат капацитетот на батеријата и статусот на полнењето, а се активираат со притискање на копче.

Маусот е достапен во сина, црвена, сребрена и розова боја по цена од 30 долари и доаѓа со една година гаранција.

Претходна статијаHP спрема нов Chromebook 14 базиран на Haswell
Следна статијаMicrosoft ги претстави Surface 2 и Surface Pro 2