CT

 

За време на IFA 2013 во Берлин, сингапурскиот производител на аудио опрема Creative Technology, претстави три нови модели на безжични звучници од својата препознатлива Т-серија. Новите звучници користат  Bluetooth 3.0 и NFC (Near Field Communication) технологија за безжично поврзување со вашите мобилни уреди и десктоп компјутери, а се базирани на високо-квалитетниот и наградуван дизајн на своите жични претходници Т3 и Т20.

CT4

Водечкиот модел доаѓа под ознаката Т4 и според  Creative претставува идеален домашен “audio entertainment system”. T4 е всушност 2.1 систем и се состои два звучници (сателити) и еден субвуфер. Исто така, со Т4 доаѓаат далечински управувач и контролна конзола за разни прилагодувања на звукот која истовремено служи и како NFC приемник. Секоја од компонентите е внимателно дизајнирана со цел да се добие што е можно поквалитетен звук. Сателитите користат драјвери од аудиофилска класа, додека субвуферот ја содржи Creative SLAM (Symmetrically Loaded Acoustic Module) технологијата за репродукција на бас. За да нема губење на квалитет во безжичниот пренос на звукот, Т4 користи high-definition aptX и AAC аудио кодеци. Сепак, доколку преферирате жична конекција, Т4 ги има и стандардните конектори за жично поврзување. Цената за овој 2.1 систем е 299 долари.

CT30

CT15

Останатите два модели се 2.0 стерео звучници и доаѓаат под ознаките Т30 и Т15. Двата модели имаат по еден дедициран драјвер и твитер на секој звучник за репродукција на средни и високи тонови, а во недостаток на субвуфер ја користат Creative BasXport технологијата за доловување на басот. Исто како и Т4, овие модели имаат опција и за жично поврзување. Цената за Т30 моделот изнесува 129 долари, додека Т15 моделот ќе може да се купи за 69 долари.

 

Претходна статијаMicrosoft ги претстави Surface 2 и Surface Pro 2
Следна статијаASUS го најави Transformer Book Trio