Производителите на смартфони веќе почнаа со претставување на своите уреди со еластични екрани кои можат да се превиткаат. Оваа нова и револуционерна категорија на уреди ќе биде иднината на паметните уреди, а корисниците ќе можат во џебот да носат мали уреди кои се отвораат во големина на таблет компјутер.

Сепак, овие први верзии од ваквите уреди имаат одредени „маани“ кои прават да сепак масовното купување на нив, биде планирано повеќе за по некоја година. Самите производители и не планираат многу големи продажби, па очекувањата за оваа година се вртат околу 1 милион продажби по производител.

Една од главните маани на овие уреди сега е што тие не користат заштитно стакло на нивниот екран, како што веќе со години е случајот со паметните телефони.

Ние веќе се навикнавме дека не мора да внимавами на нашите уреди премногу, односно да не се секираме за мали гребнатинки и падови од мала висина.

Новите уреди на превиткување се направени со полимери од пластика, па од нив може да се очекува помала заштита од гребнатинки и кршење.

Главниот проблем исто така ќе биде и браздата која по некое време ќе се појави на делот од екранот којшто се превиткува, нешто што не би бил случајот доколку се користи стакло.

Најголемиот играч на пазарот кога се во прашање заштитните стакла, Corning, производителот на познатото Gorilla Glass стакло, е во фаза на развој на стакло кое ќе биде наменето да се користи кај уредите со екрани кои се превиткуваат.

Тие работат на доволно намалување на дебелината на стаклото, за да може да се обезбеди елакстичноста, но сепак да се задржи заштитата која ја овозможува стаклото.

Според најавите, развојот на ова стакло ќе потрае уште некоја година, па може да го очекуваме во некои од наредните модели од производителите, како Samsung на пример.

ИЗВОРARS Technica
ИЗВОР 2Wired
Претходна статијаМарк Закерберг ја опишува иднината на Facebook, друштвените мрежи и комуникацијата на луѓето
Следна статијаФустан од смартфони на модната недела во Париз
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.