Компанијата Apple патентираше тастатура која е дизајнирана да биде отпорна на нечистотија. Се работи за тастатура која ќе се справува со нечистотијата која се акумулира под копчињата и предизвикува проблеми со функционалноста.

Новиот патент ќе обрне особено внимание на трошки, епителни наслаги, прашина и слични загадувачи кои редовно може да се забележат на секоја тастатура. Од компанијата претставија два можни начини како би се влијаело на овој сегмент. Едниот е запечатување на долниот дел, односно оној во кој е сместен механизмот на копчињата. Вториот, оној пософистицираниот начин е инсталирање механизам кој ќе испушта воздух под притисок при секое притискање на копчето. На тој начин ќе се овозможи вентилација со што нечистотијата би се елиминирала од дадениот простор.

Компанијата се решава на ваков чекор откако нивниот претходен патент, односно механизмот наречен Butterfly(пеперутка) не заслужи особено добра репутација. Имено корисниците на поновите MacBook уреди се жалат на квалитетот и издржливоста. За Apple ова беше доволен аларм да се покрене иницијатива за унапредување на овој неизоставен дел компјутерската опрема.

Компанијата не даде коментар во врска со новиот патент. Па од таму, нејасно е дали истиот ќе се најде во комерцијална употреба. Но, во секој случај ова е добар чекор кон справување со еден од најфрустрирачките сегменти.

ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаInstagram добива 4 нови функции?
Следна статијаGoogle и Nintendo го носат Mario Kart на Google Maps