Информацијата уште не е официјално објавена од страна на Apple, меѓутоа е потврдена за порталот Engadget. Официјално Apple ќе престане со развој и производство на нивните Wi-Fi рутери, а за нив ќе продолжи само да овозможува софтверски надградби и сервис.

Главната причина за оваа одлука е во веќе големата достапност на Wi-Fi мрежите и големата конкуренција која има секакви уреди, од евтини и доволно добри за својата намена, до поскапи модели кои нудат повеќе за цената која Apple ја наплаќа за своите уреди.

Исто така, се истакнува дека повеќето оператори во денешно време на корисниците им даваат уреди кои доаѓаат со вграден Wi-Fi, па ретко кој има потреба од купување на посебен безжичен рутер. Тие што имаат таква потреба поради кои и да е причини, имаат одличен избор, а Apple рутерите веќе не може да се каже дека се издвојуваат од конкуренцијата и тоа што го нудат.

Од компанијата не ја исклучуваат можноста некогаш во иднина повторно да понудат ваков производ, меѓутоа услов за тоа ќе биде можноста да тој понуди нешто што конкуренцијата не успева да го понуди.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕве уште еден поглед на LG G7 пред официјалното претставување на 2-ри мај
Следна статијаОд ракометарка до дизајнер на ентериер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.