AMD продолжува да покажува дека нивното враќање на пазарот, поточно повторното активирање, е тука да остане. Борбата со Intel покажува знаци дека ќе се засилува, а тоа на крајот ќе значи дека корисниците ќе имаат многу подобар избор со подобри цени.

За време на E3 2019 конференцијата, AMD го претстави својот нов процесор којшто е наменет за гејмерите. Тој е прв од својот вид, односно во овој момент нема конкурентен производ којшто може да ги понуди истите карактеристики.

AMD Ryzen 9 3950X ќе се продава по цена од 750 долари, а ќе им биде достапен на корисниците од септември. Тогаш ќе може да се видат вистинските перформанси на процесорот, па и да се направи вистинска споредба со Intel.

Главните две карактеристики на овој процесор се достапноста на 16 јадра, нешто што е овозможено од втората главна карактеристика, а тоа е изработката во 7 нанометарска технологија. Сето ова е достапно во процесор со иста големина, односно чип којшто ќе може да се намести на постојните матични плочи.

Јадрата на процесорот можат да работат на фреквенција до 4,7 GHz при појачување, а имаат основна фреквенција од 3,5 GHz, со 72 MB cache, а сето ова има побарувачка на енергија од 105 W, нешто што е дури за чудење дека е постигнато.

Ова е одличен производ од AMD којшто ќе им конкурира на Intel во делот на посилните машини наменети за играње на игри. Останува од компанијата да покажат дека можат да го направат истото кај помасовната и повеќе популарна категорија на чипови за тенките лаптоп компјутери кои се повеќе се користат за работа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMicrosoft најави нова верзија од познатиот Flight Simulator
Следна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#8)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.