Доколку сакате некој објект да го поврзете на Wi-Fi мрежа, тој треба да има батерија која ќе му даде енергија и нормално, антена. Но, што ако истото може да го направите со друг извор на енергија, како на пример кинетичка енергија?

Научници од Универзитетот во Вашингтон го направија токму тоа – објекти направени од пластика преку 3D принтер, кои можат да се поврзат на Wi-Fi мрежа и да дадат релевантни информации, без да имаат потреба од батерија.

Идејата е навистина едноставна и стара (се користи кај рачните часовници без батерија) – тие ја користат кинетичката енергија за да можат потоа да пратат податоци до Wi-Fi рутерот или друг компјутер поврзан на мрежата. На пример, истражувачите креирале мерач за Tide детергент, односно колку точно детергент истекува од шишето.

Кога ќе го ставите овој пластичен дел, при истекувањето на детергентот тој почнува да врти и да креира кинетичка енергија, која е доволна за да се поврзе на Wi-Fi локалната мрежа и дури и да прати точни податоци за количината на детергентот во бинарен 1 и 0 код.

Ваквите 3D печатени делови од пластика можат да се користат и за најразлични други мерења, како на пример мерење на количина на вода во резервоар преку систем на пружини и запчаници, односно дури и потенциометри со кои ќе може да контролирате различни уреди во домот преку Wi-Fi мрежата.

Истражувачите велат дека на пластичните делови може да се стави и кондуктивен материјал, на кој ќе се чува „историјата“ на уредот, односно минатите мерења, кои потоа би можеле да се прочитаат од смартфон или пак робот, во некој иден паметен дом.

Извор: Alphr, Engadget, University of Wahsington

Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 845, ќе овозможи снимање 4K видео со HDR
Следна статијаGalaxy S9 сепак нема да се појави на CES во јануари