Со оглед на трендот на поголеми смартфони, како и хибридни лаптоп компјутери, некако претставувањето на таблет компјутери опадна изминатите неколку години. Тоа посебно важи за таблет компјутерите под 10 инчи, односно оние помали таблет компјутери кои се одлични за читање на книги и гледање на видеа, пред спиење на пример.

Според мене овие таблет компјутери се одлични и најдобри за намената на еден ваков уред. Затоа ми е мило што Xiaomi претстави нов таблет компјутер, за да покаже дека сепак оваа категорија на уреди нема да престане да биде достапна на пазарот.

Mi Pad 4 е името на таблет компјутерот кој е од средната класа и има одлична цена од 170 до 230 долари, зависно од изборот на неколку можни варијанти на меморија и LTE поврзување.

Доаѓа со 8 инчен екран со резолуција од 1.920 x 1.200 пиксели, работи на Snapdragon 660 и има избор од 3 и 4 GB RAM, како и простор за податоци од 32 GB. Цената од 170 долари се зголемува за 46 за верзијата со 4 GB RAM, а за уште 15 долари се добива и LTE конекција.

Mi Pad 4 доаѓа и со стерео звучници, задна камера со 13 мегапиксели, како и предна со 5. Батеријата е со капацитет од одлични 6.000 mAh, па со оглед на чипот од средната класа, како и екран со резолуција не поголема од Full HD, може да се очекуваат доста часови на работа без потреба од полнење.

Mi Pad 4 е претставен за кинескиот пазар, па не е познато дали ќе им стане достапен на корисниците од остатокот од светот, односно за корисниците на Европа. Се надеваме дека барем ќе биде претставен некој сличен модел кој ќе ни биде достапен и на нас.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаНеофицијална слика од Galaxy S10 прикажува уред без никаква рамка околу екранот
Следна статијаFacebook тестира алатка која ќе покажува колку време поминувате на друштвената мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.