USHe6

HGST (Hitachi) компанијата, која од 2012 година е во сопственост на гигантот Western Digital, го претстави својот нов Ultrastar He6 хард диск. Она што го разликува овој хард диск од останатите кои можат да се најдат на пазарот, освен рекордниот капацитет од 6 терабајти, е иновативната HelioSeal технологија.

Ultrastar He6 е првиот херметички затворен хард диск исполнет со хелиум кој е достапен за потрошувачите. Стандардните хард дискови се базирани на отворен дизајн и користат филтри кои ја спречуваат прашината да навлезе во нив. Ваквиот дизајн овозможува низ нив слободно да струи воздух, кој за разлика од хелиумот се карактеризира со поголема густина, корозивност и турбулентност. Овие карактеристики на воздухот го ограничуваат капацитетот и брзината на хард дисковите.

Од друга страна, хелиумот се карактеризира со седум пати помала густина од воздухот што резултира со помал отпор и турбуленција, што пак овозможува големи подобрувања во сите аспекти на функционирањето на хард дисковите. Во хелиумските хард дискови може да се сместат повеќе плочи кои ќе ротираат со поголема брзина и ќе трошат помалку енергија од стандардните хард дискови.

HGST ја најавија глобалната достапност на Ultrastar He6, меѓутоа цената и деталните спецификации сеуште не се познати.

Претходна статијаAndroid 4.3 достапен за Galaxy S3 GT-I9300
Следна статијаНаправете сопствен Cloud Storage со Transporter Sync