TCB30

Toshiba претстави нов 13.3-инчен Chromebook модел, кој е воедно и првиот Chromebook со оваа димензија на екран. Со новиот Chromebook, компанијата се надева дека ќе пополни празнина во својата понуда ориентирана кон корисници на ограничен буџет.

Достапноста на новиот Chromebook на Toshiba е најавена од 16-ти февруари, а неговата цена за американскиот пазар ќе изнесува 279 долари. За овие пари добивате дво-јадрен Intel Celeron 2955U процесор со работна фреквенција од 1.40GHz, SSD со капацитет од 16GB и 2GB RAM меморија.

13.3-инчниот екран е со резолуција од 1.366×768 пиксели, односно 118 по инч. Капацитетот на вклучената батерија не е познат, меѓутоа според Toshiba би требало да ви овозможи до 9 часа континуирано користење. Од конектори присутни се две USB 3.0 порти,  една HDMI порта и 3.5mm излез за слушалки. На интернет ќе се конектирате преку вградениот Wi-Fi модул.

Претходна статијаQualcomm купи повеќе од 2000 патент лиценци од HP
Следна статијаBolt II – „парната машина“ на Digital Storm