Од сите уреди кои беа претставени денес на Surface настанот, а секако најголемо внимание предизвикаа тие кои ќе бидат достапни дури идната година, Surface Neo и Surface Duo, мислам дека Surface Pro 7 беше најмалку интересен.

Овој уред во главно останува ист како и минатогодишниот, а главната новина која беше најавена беше дека конечно Surface Pro линијата ќе користи и USB Type-C порта која се користи кај повеќето нови уреди во денешно време.

На самата презентација не беше ни споменато на кој процесор ќе работи оваа седма генерација од Surface Pro линијата, па беше очигледно дека овој уред добива само надоградба со цел вградување на поновите компоненти достапни на пазарот.

Surface Pro 7 ќе работи на десеттата генерација на Intel процесорите која сепак е направена во 10 нанометарска технологија за разлика од конкурентните чипови на повторно популарниот на пазарот AMD.

Во основа, Surface Pro 7 останува одличен лаптоп кој ја има мобилноста и формата на таблет компјутер, сега со понови компоненти, одлично за тие кои сакаат првпат да купат ваков уред.

Претходна статијаMicrosoft Surface Neo е уред со два екрани кој ќе работи на Windows 10X
Следна статијаSurface Laptop 3 доаѓа во нова големина и AMD Ryzen процесор специјално направен за Surface уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.