alienware-steam-machine

Valve, компанијата која стои зад Steam, платформата за играње на 3D игри на вашиот компјутер, веќе подолго време го развива Steam OS оперативниот систем, кој уште од поодамна требаше да ги донесе гејмерските компјутери во дневната соба. Чекањето конечно престана – од сега заинтересираните ќе можат да купат ваков компјутер.

Steam компјутерите се базирани на Linux, адаптиран за користење на поголеми екрани. Идејата е сите PC игри да се префрлат на големиот екран. Затоа, Steam машините се со помали димензии, но и натаму со супер моќни спецификации во поскапите верзии, на кои Xbox One и PlayStation 4 не можат ниту да им се доближат.

Првите вакви компјутери кои ќе бидат пуштени во продажба се од Alienware, Zotac и Cyberpower, брендови кои се веќе етаблирани во компјутерскиот свет. Цените на уредите ќе се движат од 499 до 1499 долари, зависно од тоа која конфигурација ќе ја нарачате. Цената на Steam Controller џојстикот изнесува 50 долари, кој се чини и не смеете да го избегнете, бидејќи на ваквите компјутери најверојатно ќе играте во дневната соба.

И покрај тоа што Steam после подолго време конечно го пушти нивниот нов OS во продажба, останува да видиме како ќе помине на пазарот. Microsoft со Windows 10 донесе големи подобрувања за гејмерите со Xbox апликацијата, што може да биде голем удар за Steam машините. Статистиките веќе покажуваат дека корисниците на Steam на Windows доаѓаат од 10-ката во повеќе од 25% од бројката на корисници.

Единствена можност за Steam машините да се покажат се чини е да бидат достапни многу популарни игри во „библиотеката“, а особено оние кои се ексклузивно достапни за играчките конзоли и кои нема можност да ги играте на вашиот компјутер.

Извор: Ubergizmo