Pi2ModB1GB_-comp.0

Raspberry фондацијата, која пред неколку години го лансираше најевтиниот компјутер на светот, порано од очекуваното ја лансираше и втората генерација, која сега има многу помоќен процесор, двојно повеќе рам меморија и истата цена како порано – само 35 американски долари.

Главната цел на минијатурниот компјутер на Raspberry е за едукација и првата генерација беше главно користена во неразвиените земји за учење на децата како да програмираат, да пробиваат кодови и да работат и на хардверот, односно на неговото подобрување и базични електронски проекти.

Pi2ModB1GB_3.0

Сепак, процесорот со само едно јадро на претходникот и само 512 рам меморија, беа доволни само за кодирање и не можеа да се искористат за други апликации. Новиот модел доаѓа со целосно нов ARMv7 процесор со четири јадра со брзина од 900 Mhz и 1GB рам меморија, што му дозволува да покрене цел Windows 10 оперативен систем, кој ги проширува можностите на малиот компјутер. Згора на тоа, новиот модел е опремен со целосната верзија на софтверот “Mathematica”, кој инаку чини стотици долари за целосната верзија.

Како и кај претходникот, во Raspberry Pi 2 има четири вградени USB порти, во кои можат да се приклучат најразлични уреди, како тастатура, маус и надворешни мемории, LAN порта за поврзување со интернет и HDMI излез за слика и звук. За складирањето податоци вграден е слот за Micro SD картица, додека матичната која ги спојува сите работи е истата како кај претходникот, односно “Model B+”.

Pi2ModB1GB_23_2.0

Според Raspberry, новиот модел има драматично подобрени перформанси, кои ќе им овозможат на хакерите и програмерите нови можности и користење на нови програми и апликации. Покрај тоа, од нив се очекува уште веднаш да ги подобрат перформансите на процесорот, односно да го направат да работи на повисока брзина, што ќе овозможи уште подобро искуство.

Како и што беше случајот со првиот Raspberry Pi компјутер и сега се очекува првиот контингент да биде брзо распродаден, бидејќи побарувачката кај хакерите и во сферата на едукацијата се многу големи. Можноста на малиот компјутер да работи и со Windows 10, може да привлече и неколку приватни корисници, особено во помалку развиените и сиромашни земји. Да потсетиме, цената е само 35 долари!

Извор: The VergeEngadget

Претходна статијаKraftwerk – Преносен полнач кој работи на плин
Следна статијаТехнологија и слободарско политичко уредување