razer-christine-gallery-02-f

Модуларен концепт е концепт на уред кој што е составен од посебни независни модули, односно делови кој му даваат можност на корисникот да ги менува. Таков концепт веќе видовме од Motorola со Project Ara концептот на модуларен мобилен телефон.

Овој концепт, кога се однесува на десктоп компјутерите, е по малку чуден поради можноста на истите лесно да бидат отворени и корисникот може да замени некој од деловите, односно компонентите од кои што е направен компјутерот, како што се, графичката картичка, меморијата, процесорот. Понапредните корисници одат до таму што самите си составуваат свој десктоп компјутер, купувајќи ги посебно буквално сите компоненти почнувајќи од куќиштето, напојувањето, процесорот и сите останати делови.

Сепак и покрај можноста за менување на деловите од десктоп компјутерите или целосно негово составување, овој концепт на модуларен компјутер е наменет за корисниците кои што не се разбираат доволно и не сакаат да го отвораат нивниот компјутер и да ризикуваат да расипат нешто или да поврзат некомпатибилни компоненти. Функционира на тој начин што на нешто слично на куќиште, односно држач на компоненти, ги поставувате посебните компоненти, кои што се затворени во посебна „кутија“. Се што треба да направите е да го поставите во лежиштето и да ги поврзете преку достапната PCI Express порта. Секогаш кога ќе излезе понова верзија од некои од компонентите се што треба е да ги нарачате и да ги замените.

Можеби мала негативна страна е тоа што модулите ќе може да се нарачуваат само од Razer, па можно е овој концепт компјутер да не биде баш евтин, како што би бил компјутер кој што самите сте го составиле.

[showcase id=”3369″]

Овој концепт на модуларен компјутер е претставен на CES2014 настанот, на кој што слободно може да се каже дека беа претставени доста интересни концепти и производи. Razer е компанија водена од страна на гејмери, па и нивните производи се наменети за таа категорија на потрошувачи.

Интересна информација беше објавена од страна на Razer дека со Project Christine компјутерот би нуделе месечна претплата за модулите, па на пример доколку ја изберете понудата за најнов хардвер, секогаш кога ќе излезе понов модул за некоја од компонентите, истиот ќе ви биде испратен по пошта за да го замените.

Претходна статијаMETA нов паметен часовник од MetaWatch
Следна статијаiOptik – Конецепт кој комбинира леќи и очила за проектирање на слика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.