NGF800M

Изминатава недела на интернет се појавија промотивни слајдови од тајванскиот производител на лаптопи – Clevo, на кои е презентирана нивната понуда за 2014 година. Новите лаптопи кои ќе бидат достапни од февруари, во себе ќе содржат нова GeForce 800M серија на мобилни графички карти од Nvidia.

GeForce 800M серијата ќе биде базирана на Maxwell архитектурата, која исто така ќе се користи и во следната генерација на десктоп графички карти на Nvidia.

Најмоќната графичка од новата серија ќе ја носи ознаката GTX 880M и заедно со 870M ќе доаѓаат ексклузивно во MXM (Mobile PCI Express Module) издание, што значи дека во иднина ќе може да бидат заменети со нова побрза графичка. GTX 860M моделот ќе биде достапен во MXM и “on board” варијанта, додека GTX 850M и GT 840M ќе доаѓаат само во “on board” издание, односно ќе бидат залемени за матичната плоча без можност за надградба. GTX 880M, 870M and 860M моделите ќе бидат SLI компатибилни, секако доколку лаптопот има таква поддршка.

За разлика од Kepler и претходните генерации, ново кај Maxwell архитектурата е тоа што графичките карти во себе ќе содржат ARM процесор и ќе имаат пристап до системската меморија.

[showcase id=”3076″]

Претходна статијаOrbSys туш кој ја рециклира водата при туширање
Следна статијаСите поднесени апликации во App Store ќе треба да бидат оптимизирани за iOS 7 од 1-ви Февруари