msi-gt72 copy

Еден од најетаблираните производители на лаптопи на гејмерската сцена, MSI, претстави три нови моќни машини со тематика од онлајн играта на Blizzard, “Heroes of the Storm”. Сите модели се со процесор од Intel и графика од NVIDIA.

Основниот модел, GE62, има 15,6 инчен дисплеј и вградени Core i7-6700HQ процесор, NVIDIA GTX 960m графика и 8 GB рам меморија. Прилично моќен лаптоп, кој веројатно без проблем ќе ги пушти сите понови игри и на повисоки резолуции. Сепак и покрај тоа што чини дури 2299 долари, доколку сте сериозни за играњето игри на лаптоп, ова не е моделот за вас.

Преминуваме на GT72, модел кој веќе преминува во светот на ултра високите перформанси. Ова чудовиште доаѓа со помоќен Core i7-6820HK процесор, помогнат од NVIDIA GTX 980m графика и 16 GB рам меморија. Секако, како еден вистински гејмерски компјутер и овој е опремен и со SSD диск од 256 GB, како и HDD со капацитет од 1 TB. А да, дисплејот мери 17,3 инчи во дијагонала, што е многу попогодно за играње игри. GT72 чини 4599 долари. Да, скоро колку еден автомобил.

Но, тоа не е ни од најблизу најмоќниот модел во понудата. Чудовиштето GT-80 има две NVIDIA 980m графички, 32 GB рам меморија и истиот, Core i7-6820HK процесор. Екранот има големина од 18,4 инчи и е со IPS технологија, а тастатурата е механичка, што значи дека може да издржи многу, многу тортура. И за разлика од другите модели, темата од играта “Heroes of the Storm” тука е ласерски изгравирана. Цената? Огромни 5999 долари.

Сепак, ова се модели кои можат да понудат перформанси на кои може да позавидат и поприлично моќни десктоп гејмерски машини. А тоа, во лаптоп светот, се плаќа. Дебело.

Извор: Cnet

Претходна статијаНаучниците создадоа сунѓереста течност
Следна статијаСе што треба да знаете за Стартап Викенд Скопје