hp-the-machine

Пред две години, HP започна проект со кој сакаше да го промени начинот на кој функционираат компјутерите засекогаш. The Machine е резултатот на тоа и резултатот не е толку револуционерен како што се очекуваше, но и покрај тоа би можел да помогне во драстично зголемување на брзината, особено кај серверските машини.

Идејата зад The Machine е што всушност користи рам меморија за складирање податоци. Рам меморијата, како што сите знаеме е многу пати побрза дури и од најбрзите SSD дискови и затоа е одлична за компјутери кои зависат од големи брзини на вчитување и запишување на податоци. Сепак, досегашните рам мемории ги губеа сите податоци кога ќе бидат исклучени од напојување, што ги прави корисни само за работна меморија, каква што се користи во сите наши паметни уреди.

hpe_machine_node_prototype_fam_end

The Machine од друга страна, покрај процесорот и рам меморијата има дополнителна “Persistent Memory”, односно постојана меморија, која ги зачувува податоците дури и ако снема напојување. Во прототипот се сместени 4 TB ваква меморија, што значи дека ваков компјутер би имал пред сѐ апликација во серверските машини. Прототип компјутерот на Hewlett Packard Enterprise е опремен и со специјални силиконски фотонски кабли, кои овозможуваат многу голем проток на податоците.

Компјутерот е секако опремен и со специјален софтвер, бидејќи ниту еден друг оперативен систем досега не е развиен за работа со ваков компјутер. Според HP, сите овие промени го прават The Machine 8.000 пати побрз од стандардните компјутери, што е вртоглаво голема бројка.

Иако The Machine е пред сѐ наменет за серверите, во иднина и стандардниот корисник може да има бенефит од новата постојана меморија. Првите примероци на оваа меморија се очекуваат во 2018 година, што значи дека за широка потрошувачка таа би била достапна неколку години подоцна. Од HP дури најавуваат дека во иднина и Internet of Things уредите, кои реално не бараат премногу перформанси, ќе имаат ваква меморија.

Извор: ARS Technica, Engadget, Hewlett Packard Enterprise

Претходна статијаТимот е најважен
Следна статијаНа 6 декември Meizu ќе го претстави својот нов m5 Note