iFixit

Apple минатата недела ја претстави нова генерација од нивните MacBook Pro лаптоп компјутери наменети во главно за професионалците. Овие нови компјутери доаѓаат со значително подобрување во перформансите, нови Intel процесори, брзи SSD дискови, повеќе RAM меморија и подобрен екран.

Она што дополнително го забележаа дечките од iFixit кои во нивниот познат стил го расклопија новиот MacBook Pro, е мала заштитна фолија од силикон околу механизмот на секое копче од тастатурата.

Она што се истакнува е дека од Apple не кажаа дека ова е направено со цел да не се јавуваат проблеми со прашина на тастатурата, што според информациите е нешто не ретко е проблем за корисниците. Наместо тоа, новата тастатура се промовира како многу потивка од претходните генерации, а реално тоа може да е резултат на новиот силиконски слој.

Сепак, од iFixit веруваат дека од Apple не сакаат да го истакнат и со тоа „признаат“ проблемот со тастатурата, па новиот додаток под секое копче е решение за истиот, иако тоа не се промовира. Од компанијата дури имаат и патент којшто го опишува овој начин на заштита на копчињата.

Тастатурата на Apple обично вклучува копчиња со многу мал од, што ги прави едни од најдобрите тастатури на пазарот. Сепак, овој механизам е подложен на полесно расипување поради што корисниците се приморани да го носат својот лаптоп на сервис за замена на целиот преден дел.

ИЗВОРiFixit
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаСтотици пријавени и 30 победници на наградниот предизвик на VIVAX
Следна статијаSamsung ќе вгради ултрасоничен сензор за отпечатоци под екранот на Galaxy S10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.