chromebase

LG планира да претстави All in one десктоп компјутер кој работи на Chrome OS оперативниот систем од Google, кој работи само во облакот (cloud), на CES 2014 идниот месец. Chrome OS е оперативен систем кој што во основа е составен од Chrome прелистувачот и на него работите ги завршувате преку достапните веб апликации. Корисен е за луѓето што сакаат едноставен систем на кој што можат да работат во главно преку познатите сервиси од Google, како што се, Drive, Gmail, Search, YouTube и слични.

Поради едноставноста на оперативниот систем, до сега можеше да се види инсталиран само на лаптоп компјутери. LG ова планира да го промени со својот All in one модел LG Chromebase. All in one компјутерите, доколку не сте запознаени, се десктоп компјутери на кои што целиот хардвер им се наоѓа во мониторот. LG Chromebase има 21,5 инчен Full HD IPS екран и доаѓа со: Intel Celeron процесор, 2GB RAM меморија, 16 GB SSD надворешна меморија, 1,3 мегапикселна веб камера, микрофон, звучници, тастатура и маус, LAN порта и USB 2.0/3.0 порти, како и HDMI влез.

LG Chromebase ќе може да се користи и како монитор, па преку HDMI влезот можете да приклучите друго куќиште кое што ќе го користите за посериозни активности, а Chrome OS за брзо стартување и сурфање. Сепак целната група на потрошувачи на LG со овој производ не е крајниот потрошувач, кој што би требало масовно да го купува за домашна употреба. Наместо тоа, целта на LG е овој компјутер да се користи на места како, училишта, хотели, call центри, како и други бизниси.

LG ќе го претстави Chromebase на CES, меѓутоа сега нема информација за достапноста на истиот, како и цената по која што ќе се продава.

Претходна статијаWindows 8.1 Preview ќе престане да функционира на 15-ти Јануари 2014
Следна статијаOrbSys туш кој ја рециклира водата при туширање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.