Lenovo најави четири нови модели во својата линија на AIO (all-in-one) десктоп компјутери. Новите модели се предводени од Lenovo B750, кој е првиот AIO компјутер со 29 инчен Ultra-Wide дисплеј.

Моментално, Lenovo е број еден производител на AIO компјутери и со новите модели цели кон зацврстување на лидерската позиција во овој сегмент.

A530

Lenovo A530 моделот има тенок дизајн и екран осетлив на допир кој може да се ротира во хоризонтална и вертикална позиција. Екранот е широк само 21.5 милиметри, а е со големина од 23 инчи и 1920×1080 резолуција. IPS технологијата која ја користи екранот, овозможува широк агол на видливост и прецизен приказ на бои.

Овој модел доаѓа со четврта генерација на i7 процесор од Intel , DDR3 меморија  со капацитет до 8 гигабајти и хард диск со капацитет до 1 терабајт. За мрежно поврзување, A530 користи Bluetooth и Wi-Fi. Исто така, вклучени се и 6-во-1 читач на картички, HDMI конектор, DVD или Blu-Ray читач зависно од потребата, како и Dolby сертифицирани звучници.

B750

Lenovo B750 моделот доаѓа со 29 инчен Full HD, Ultra-Wide (2560×1080) IPS дисплеј. Вклучува интегриран 2.1 аудио систем, дизајниран од страна на JBL, со вграден 20W субвуфер. Моделот користи четврта генерација на Intel i7 процесор и NVIDIA GeForce GTX760A графичка карта со 1 гигабајт меморија.

B750 има лесен пристап до компонентите преку задниот панел што го прави едноставен за надградба доколку во иднина имате потреба од тоа. Во овој модел е интегриран сензор за регистрирање на движења што овозможува да користите гестури со рацете за извршување на разни задачи. Ова го прави B750 идеален за користење во функција на мултимедиа центар.

B550 / B350

Lenovo B550 и B350 содржат моќни десктоп компоненти во компактна AIO форма. Двата модели доаѓаат со Full HD, IPS екрани со големина од 23 инчи кај B550, односно 21.5 инчи кај B350. За комплетно аудио/видео искуство интегрирани се стерео, Dolby сертифицирани звучници. Како и кај B750 моделот, овозможен е лесен пристап до компонентите преку задниот панел за евентуални идни надградби.

Во двата модели се вклучени процесори од четвртата генерација на i7 од Intel, заедно со 16 гигабајти меморија и хард диск со капацитет до 2 терабајти. Останатите спецификации опфаќаат Wi-Fi и Bluetooth за мрежно поврзување, оптички читач и широк избор на конектори.

Претходна статијаTRENDnet претстави нов “Travel Router”
Следна статијаDropbox воведе споделување на Screenshots