Kaveri

На својата годишна конференција AMD потврди дека ќе почне со достава на новите процесори до своите партнери пред крајот на годинава, а истите ќе бидат достапни веќе од 14-ти јануари, една недела по CES 2014.

Kaveri процесорите ќе вклучуваат до 4 јадра (2 модули), кои ќе бидат базирани на најновата ревизија од десктоп архитектурата на AMD – Steamroller. Графичкиот процесор вклучен во Kaveri ќе содржи осум GCN 1.1 “compute” единици и ќе има перформанси од 856 GFLOPS што го става во категорија на Radeon HD 7750. Водечкиот модел ќе ја носи ознаката A10-7850K и ќе доаѓа со работна фреквенција од 3.7 GHz за централниот процесор и 720 MHz за графичкиот процесор.

За разлика од своите претходници (Trinity и Richland), Kaveri најпрво ќе пристигне за десктоп платформата – FM2+, а веднаш потоа ќе следуваат серверските и мобилните варијанти. Цената по која ќе се продаваат новите процесори засега не е позната.

Од AMD, исто така потврдија дека графичкиот процесор кој ќе биде содржан во Kaveri ќе ги поддржува повеќето од функциите на новата линија на десктоп графички карти од компанијата, вклучително Mantile и TrueAudio.

Претходна статијаNvidia ја најави CUDA 6 платформата
Следна статијаFlipboard за Windows 8.1 достапна за симнување