Intel_generic_inspiringwallpapers.net-970-80

Сите кои се малку повеќе навлезени во светот на компјутерските процесори, знаат дека најмоќните чипови, кои најчесто се користат за серверски машини, се Xeon процесорите на Intel. Отсега, Xeon линијата ќе се нуди и во лаптоп верзија, а ќе биде наменета за сите оние кои сакаат максимум перформанси во „делумно“ преносливо пакување.

Новиот Xeon E3-1500M V5 ќе нуди највисоки перформанси и можност за флуидна работа со многу тешки апликации одеднаш, а ќе има и специјална vPro технологија, која целосно ќе ги елиминира грешките кои настануваат со корумпирани датотеки, што значи дека корисникот многу поретко ќе гледа “Error” пораки.

Процесорот е целосно изработен по новата Skylake архитектура, која донесува голема заштеда на енергија, со благо покачување на перформансите во однос на Broadwell. Засега нема информации за тоа колку јадра има Xeon чипот, или пак колку енергија троши, но не очекувајте дека ќе биде штедлив како процесорите од “i” линијата.

Thinkpad_P50_with_CAD_Drawing_Screen_image.0

Првите лаптопи кои се претставени со новиот Xeon процесор се Lenovo Thinkpad P50 и P70 и кои се наменети исклучиво за професионалците. Покрај Xeon процесорот, лаптопите ги красат и неверојатни 64 GB меморија, што е најмногу во еден лаптоп досега, SSD диск со зафатнина од 1 TB, а за најбрзо поврзување, достапна е и Thunderbolt 3 порта, која доаѓа стандардно со Xeon единицата.

Двата лаптопи ќе почнуваат од 1599, односно 1999 долари, а ќе можат да се испорачаат со Windows 10, 8.1 и 7, како и Ubuntu оперативен систем. Купувачите ќе можат да изберат и дисплеј на допир, со резолуција до максимални 3840х2160 пиксели.

Извор: The Verge, Tech Radar

Претходна статијаCyanogen со повеќе корисници од Windows Phone и Blackberry заедно
Следна статијаMicrosoft го претстави Windows 10 за “Internet of Things”