Engadget

На Computex 2018 настанот којшто се одржа минатата недела, Intel го прикажа концепт уредот со двоен екран на којшто работи повеќе години. Наречен Tiger Rapids, уредот е еден вид на лаптоп, односно хибриден уред којшто може да се превитка да се користи во повеќе формати, меѓу кои и таблет компјутер.

Она што го прави специфичен овој уред е двојниот екран од којшто едниот е направен во e-ink технологија. За потсетување, e-ink технологијата за екрани се користи најчесто кај читачите на книги, како Kindle од Amazon, поради неговата имитација на вистинска хартија. За негово гледање потребна е светлина, како и кај обична хартија, а потрошувачката на енергија е многу мала, најмногу поради тоа што истата е потребна само при промена на информациите на екранот, кои инаку остануваат на екранот без трошење на енергија.

E-ink екранот кај Tiger Rapids е поставен на делот од уредот каде обично би била поставена тастатура. Поради тоа на него покрај другите работи, може да се прикаже и виртуелна тастатура, иако во оваа фаза од развојот, тие што имаа шанса да го тестираат, истакнуваат дека корисничкото искуство при пишување, не е баш најдобро.

Engadget

Покрај прикажувањето на виртуелна тастатура, овој екран може да се користи, а така е и повеќе замислен, како „хартија“ за пишување. На него може да се пишува со електронско пенкалце, а напишаниот текст да се зачува во посебна апликација или да биде претворен во класичен текст документ.

Се разбира, би било чудно да се замисли како овој уред не се користи и за читање книги, па со целосно превиткување, кое е можно кај Tiger Rapids, уредот може да се претвори во таблет.

Engadget

Инаку, уредот е со големина од 7,9 инчи и механизмот кој ги поврзува двата екрани е интересно направен да потсетува на старите тефтери, а со вградувањето на e-ink екран, јасно се гледа и која му е намената на овој уред, барем во поголемиот дел.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаTip of the Week® со ново интернационално издание на англиски јазик
Следна статијаСакате да ослабнете и да заработите? Нема проблем, оваа апликација е за вас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.