Huawei
Media: Valentina Palladino

Минатата година Matebook X наиде на низа очекувани критики, меѓутоа се на се остави впечаток на сосема солиден уред. Оваа година, во насока на подобрување, компанијата го претстави и неговиот наследник. Именуван потполно идентично, со мала наставка во името која влева сериозна нота, Pro.

Разликите помеѓу двата уреди се лесно забележливи. Примарно во делот на димензиите, како и низа други исправки кои се однесуваат на аспектите кои беа на мета на критики. Меѓутоа една мошне едноставна, но неверојатно практична работа го прави уникатен овој пренослив персонален компјутер. Она што искусното око ќе го забележи веднаш е практично отсуството на рамки кај дисплејот. Истиот се протега преку целата површина на т.н. капак. Заедно со тоа отсуствува и веб-камерата која најчесто, ако не и секогаш, е сместена во горниот дел, односно на горната рамка над екранот.

Компјутер кој во својот назив ја носи наставката Pro не би смеел да си дозволи да не биде опремен со елементарен уред како што е веб-камера. Па така, кинеската компанија пронашла интересно решение за овој проблем. Камерата е лоцирана под копче сместено во првиот ред на тастатурата. Истата се активира со притисок на копчето кое со ротација се отвора и ја насочува камерата во посакуваната насока.

Ваквото решение влијае на два главни аспекти. Едниот е приватноста. Последните години се популаризираше митот за масовната шпионажа која се врши со помош на „киднапирање“ на хардверски компоненти како што се камерата и микрофонот. Па така, ваквото решение речиси ја елиминира оваа закана. Другиот е практичниот аспект, на купувачот да му се понуди што подобро визуелно искуство. Односно екран што е можно поголем.

Што се однесува до другите спецификации, може да се рече дека ова е практично продолжение или наследник на она што беше претставено минатата година. Компанијата цели со овој производ дополнително да се доближи до побарувачката на пазарот, особено оние западните. Па така измените не нудат нешто особено ново или подобрено, туку едноставно поголем конфигурациски избор во кој полесно би можела да се пронајде поголема група на купувачи. Откако ќе се најде во продажба уредот ќе има почетна цена од 1.499 евра.

ИЗВОР 2ARS Technica
Претходна статијаСофистицираност, иновативност и елеганција на првиот „The GENTLEMEN’S EXPO“
Следна статијаСакате да купите Самсунг Галакси С8, но загрижени сте за можни оштетувања на неговиот стаклен екран?