4-image-internals-100615851-large

Десктоп компјутерите секоја година имаат се помала и помала продажба, но тоа не значи дека хардкор фановите не се подготвени да одвојат голема сума на пари за нешто ново и подобро. Новата десктоп машина на Digital Storm има целосно вградено водено ладење и напојување кое е буквално распределено низ куќиштето, што ја прави прва од ваков тип во светот.

Со овој дизајн, веќе нема да имате проблем со распределување на десетиците кабли. Имено, конекторите за каблите се вградени на самото куќиште, до делот каде лежи матичната плочна, што овозможува многу полесно менаџирање и поголем ред. Сега, убаво дизајнираните матични плочи и графички картички, конечно ќе може да се гледаат во целиот свој сјај, без околу нив да има џунгла од кабли.

5-image-power-panel-100615852-large

Адут повеќе на Aventum 3 е воденото ладење, кое е исто така целосно вградено во куќиштето. Ова не само што овозможува поголем ред во внатрешноста, туку значи дека нема да мора да се ставаат дополнителни компоненти однадвор. Едноставно и елегантно решение, какво што вистинските вљубеници во овие компјутери реално заслужуваат. А за уште поубав изглед, дистрибутивниот блок за водата е изработен од проѕирен акрил.

3-image-liquid-block-100615849-large

Почетната цена на Aventum 3 изнесува фантастични 4930 долари. Засега немаме информации за тоа какви ќе бидат деловите што се вградуваат во овој систем, но очекувано е да има Core i7 процесор и барем две моќни графички картички. И нормално, како и секој ваков систем и овој може лесно да се надгради со некои елементи.

aventum-3-100615889-large

Извор: PC World

Претходна статијаClaxi ја претстави Македонија на Seedstars World 2015
Следна статијаМикро компјутерите со Cherry Trail донесуваат голем напредок во перформансите