ASUS го има изгледа еден од најинтересни и најдобро дизајнирани лаптоп компјутери кои се претставени и ќе бидат претставени на овогодинешниот CES 2019 саем во Лас Вегас.

Тие се надоврзуваат на трендот на екрани кои имаат што помали рамки, а тоа го постигнува со “позајмување” и измена на еден тренд којшто ја одбележа 2018 кај мобилните телефони.

Па така, ASUS ZenBook S13 ги има едни од најмалите рамки, а според компанијата најмалите на пазарот, со вклопување на камерата во “исечок” на горниот дел од екранот, но поставен над него.

Со ова, рамката околу екранот е непрекината и многу мала, 2,5 mm, а “исечокот” може да се користи и за полесно отворање на лаптопот.

Покрај оваа карактеристика, ASUS ги постигнува малите рамки и со сокривање на долната рамка под тастатурата. На овој начин се добива мала подигнатост за полесно користење на тастатурата, а исто така не се гледа долниот дел од екранот.

ZenBook S13 е уред од високата класа, а тоа се гледа и од останатите негови карактеристики. Тој е изработен од алуминиум и ги има можеби најмалите димензии во категоријата на 13-14 инчни лаптопи.

Доаѓа со можност за избор од 8та генерација на Intel процесори, како и до 16 GB RAM меморија и до 1 TB SSD простор за податоци. Екранот е со Full HD резолуција, што е мала “маана” на овој уред во време кога сепак гледаме што повеќе уреди со поголема резолуција.

Овој лаптоп исто така ќе го привлече вниманието на корисниците кои сакаат да работат на него или да играат игри. ZenBook S13 доаѓа со вградена посебна графичка картичка од Nvidia, односно GeForce MX150, со што им овозможува на корисниците играње на поголем број на игри, а голем дел од нив во нивните максимални прилагодувања.

ZenBook S13 исто така доаѓа со Harman Kardon аудио, а сите детали за овој лаптоп можете да ги видите на неговата официјална страна на овој линк.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаБесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та од Логин Системи
Следна статијаLG SIGNATURE OLED TV R е првиот телевизор со екран кој се намотува и „крие“ во својата основа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.