Asus на годинешниот Computex 2018 може слободно да се каже дека ги има едни од најдобрите производи кои се претставуваат за време на овој настан. Веќе можевме да прочитаме за одличниот гејминг смартфон Asus ROG Phone, а од компанијата имаат уште неколку производи кои го привлекуваат вниманието.

Од компанијата на настанот ја претставија најновата генерација од нивната ZenBook Pro серија наменета за корисниците кои сакаат најдобри перформанси за нивната работа. ZenBook Pro доаѓа во две варијанти, односно со 15 и 14 инчен екран.

Што се однесува до компонентите на овој уред, кои не се главната работа која го привлекува вниманието, тој доаѓа со можност за избор на до 8-ма генерација на Intel Core i9 процесори, GeForce GTX 1050Ti графика, како и до 1 TB SSD диск, 4К екран на допир и Harmon Kardon аудио систем.

Она што навистина го разликува овој лаптоп од сите останати е ScreenPad. Во основа Asus на местото на touchpad-от на лаптопот има вградено 5,5 инчен Full HD екран на допир, што прави корисниците да се чувствуваат како да имаат вградено смартфон во нивниот лаптоп.

ScreenPad ја има истата функција како стандардните touchpad-и, односно истиот ќе се користи за навигација со курсорот. Фактот што се работи за екран на допир, овозможува одредени дополнителни функции кои на корисничкото искуство ќе му дадат една голема надградба.

На овој екран ќе се прикажуваат работи како најчесто користени апликации, календар, калкулатор, а уште поважно, ќе може да се користи и за проширување на функционалностите на апликациите. Па така, на овој екран ќе може да се контролира апликацијата за музика, видеата на YouTube, контроли во Office програмите од Microsoft и слично.

Од Asus истакнуваат дека програмерите ќе може да ги направат своите апликации компатибилни со ScreenPad, па со тек на време очекуваат многу поголема поддршка.

ИЗВОРAsus
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаIntel го претстави првиот процесор кој може да работи до 5.0 GHz
Следна статијаAsus Project Precog е лаптоп со два екрани и вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.