fg

Се во едно компјутерите не добија особена популарност во Windows светот, а причината за тоа е што iMac машините на Apple беа скоро непобедливи. Сепак, Asus има нов играч во рингот, со кој директно конкурира на iMac и кој се чини конечно има доволно адути за да се искачи на врвот.

Asus Z240 има 24 инчен дисплеј со 4K резолуција (3840х2160 пиксели) и можност за допир – веднаш нешто што iMac никогаш немал. Ова може особено да им се допадне на оние кои сакаат да ја презентираат својата работа, но и би можел да биде многу корисен за продавници и сл.

Вградените компоненти се исто така прилично моќни – Core i7-6700T Skylake процесор со четири јадра, 16 GB рам меморија, хард диск со капацитет од 1 TB и NVIDIA GeForce 960M графичка картичка со 4 GB рам меморија. Компјутерот има три USB 3.1 порти, една USB Type-C порта и две HDMI порти, како и слот за micro SD картичка. Секако, вграден е и Wi-Fi приемник, ако се запрашавте.

ziff-pro-z240-fg

Компјутерот со спецификациите погоре ќе има цена од 1499 долари, но ќе биде понуден и модел со Full HD дисплеј и SSD диск, кој ќе чини 1399 долари. Наскоро, би требало да бидат понудени и неколку други опции.

Покрај Z240, Asus претстави и помал, 21,5 инчен модел со Full HD екран, Core i5 процесор и 8 GB рам, кој чини 899 долари.

Покрај високите перформанси, новите Asus „се во едно“ компјутери имаат и целосна алуминиумска изработка, со алуминиумски држач кој е изработен од едно цело парче, што прави да изгледа како квалитетно парче техника.

Извор: Asus, ZDNet

Претходна статијаGoogle Photos ќе ви заштедува простор со бришење на сликите кои се веќе бекапирани
Следна статијаVibe X3 е нов Android смартфон од високата класа на Lenovo, кој доаѓа во три различни верзии