Asus на Computex 2018 има уште еден уред кој го привлекува нашето внимание и сметаме дека вреди да се пренесе. Се работи за концепт на лаптоп компјутер којшто има два екрани, односно еден на стандардното место, а другиот на страната каде што обично би била сместена тастатурата.

Овој двоен екран, како што го нарекуваат од Asus, му овозможува на лаптопот да се користи во повеќе позиции, а со тоа да се покаже како корисен за скоро се што би му требало на корисникот. Па така, Project Precog може да се постави во четири позиции, односно во исправена, како книга, како шатор или целосно легнат со двата екрани на масата. Со отворање и целосно поставување на масата, корисниците добиваат поголем екран, односно поголем простор за прикажување на информации, а на презентацијата Asus прикажа неколку ситуации од кои едната со дополнителна тастатура.

Таму каде што доаѓа до израз корисноста на овој концепт е кога се користи како обичен лаптоп. Долниот екран, односно тој на местото на тастатурата, може да се прилагоди да биде се што во моментот му треба да на корисникот. Од Asus дури истакнуваат дека тастатурата се поместува и прилагодува соодветно на тоа каде се поставени рацете на корисникот.

Ова во основа е и причината зошто вештачката интелигенција е голем дел од овој концепт. Флексибилноста која ја овозможуваат двата екрани со помош на вештачката интелигенција, ќе им овозможи на корисниците незабележлива промена на екранот, односно достапните алатки и апликации зависно од тоа што го прават во моментот.

Иако е работи за концепт, овој вид на уреди сигурно ќе почнеме со тек на време да ги гледаме на пазарот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Asus
Претходна статијаAsus ZenBook Pro 15 е лаптоп со екран на допир на местото на touchpad-от
Следна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 850 наменет специјално за „Always on“ Windows 10 компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.