Нестандардно за Apple, без посебен настан, само со едно соопштение, ги претставија новите верзии од нивните iPad Air и iPad mini.

Овие два модели добиваат надградба после подолго време, односно после 2-3 години, што е одлична новост за корисниците на Apple, а и генерално на таблет компјутери.

Две новини се главни кај двата модели и ги прават доволно привлечни за купување, а посебно од страна на корисниците кои сепак не сакаат да дадат пари за доста поскапите Pro модели од iPad.

Двата модели сега работат на најновиот процесор од Apple, A12 Bionic, со што се добива и до 70% подобри перформанси, барем кај iPad Air, како и дуплирање на графичките способности.

Овој процесор е направен со дел за вештачка интелигенција, па може да се каже дека помалите iPad уреди доаѓаат во тек со остатокот од технологијата.

Двата модели исто така доаѓаат со поддршка за Apple Pencil, како и можност за додавање на тастатура, со што овие уреди добиваат можност да се користат и за повеќе работи, освен читање и гледање на медиа содржина.

iPad Air, за разлика од претходните модели, доаѓа со нешто поголем, 10,5 инчен екран, со што може да се каже дека тој ќе биде замена за помалиот iPad Pro, а со пониската цена, сигурно ќе привлече внимание.

Она што останува исто, сепак резервирано за поскапите Pro модели, е дизајнот на овие уреди. Тие изгледаат во главно исто како нивните претходници, односно не го добиваат новиот, со многу помали рамки, дизајн.

Тоа значи дека овие уреди ќе го задржат сензорот за отпечатоци на предната страна, нешто што кај другите модели е веќе „исфрлено“ на сметка на Face ID системот.


ИЗВОРApple
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаNetflix ќе пушти втора интерактивна епизода на 10 април
Следна статијаVip воведува дигитална платформа наменета за сите деловни корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.