Иако MacBook линијата на Apple своевремено важеше за најиновативна во сегментот, последниве неколку години тие се особено бавни во вградувањето на нови компоненти. Така, иако Kaby Lake чиповите беа достапни кога беше претставена новата MacBook линија, Apple се одлучи на постарата Skylake генерација.

На WWDC тие ја исправија грешката и заедно со новите чипови, ги намалија и цените на своите лаптопи.

Поточно, цената на веројатно најинтересниот лаптоп во понудата, MacBook Pro со Touch Bar сега се симнува на 1.299 долари, со цел да биде конкурентна на се пожестоката Windows 10 конкуренција. Како и да е, од новите чипови не очекувајте којзнае колку повисоки перформанси – разликите се мерливи само во бенчмарк софтвери. Од друга страна, Kaby Lake би можел да донесе подобрување во траењето на батеријата.

Голема вест за фановите на MacBook е што сега преку Thunderbolt 3 USB Type-C портата ќе може да се прикачи надворешна графика, односно куќиште со графичка картичка AMD Radeon 580. Ова е особено значајно за оние кои работат со видео содржини, овозможувајќи супер високи перформанси кога лаптопот го користите како десктоп компјутер.

Нешто вакво веќе подолго време е достапно кај гејмерските машини на Windows 10, каде има и поширока поддршка.

Засега, само дивелоперите ќе можат да го пробаат ова со посебен кит, но подоцна очекувајте и Apple брендирано дополнително куќиште со графичка картичка.

Извор: TechnoBuffalo, The Next Web, ARS Technica

Претходна статијаGalaxy Note FE сепак ќе се продава со висока цена?
Следна статијаiMac Pro е „се во едно“ компјутер со “Xeon” процесор со максимум 18 јадра