apple-1

„Се во едно“ компјутерите на Apple добија освежување и оваа година, со нови Skylake процесори, понуда на Fusion хард дискови со SSD помошни дискови и нови маус и тастатура.

Како и досега, достапни се 27 инчен и 21,5 инчен модел. Поголемиот и натаму се нуди со 5K Retina екран со резолуција од 5120х2880 пиксели, кој сега прикажува уште поголем спектар на бои од претходникот. Помалиот модел сега може да се нарача и со 4K Retina екран со резолуција од 4096х2304 пиксели и исто така има 25% поголем спектар на бои во однос на претходниот модел.

Сите модели ќе се опремуваат со процесори од Intel Core “i” серијата и тоа само i5 и i7. Има и еден податок кој малку „боде“ очи кога ќе се погледнат спецификациите, а тоа е хард дискот со големина од 1 TB и брзина од само 5400 rpm во основниот модел кај помалиот модел (7200 rpm кај поголемиот). Ваквите хард дискови обично се вградуваат во најевтините лаптопи и се исклучително бавни при стартувањето на оперативниот систем и програмите, нешто што веднаш го забележаа некои реномирани YouTube канали.

Затоа и цената од 1499 долари за почетниот модел со 21,5 инчен дисплеј со 4K резолуција (1099 за Full HD дисплеј) се чини како висока, особено бидејќи за модел со Fusion диск треба да доплатите уште 100 долари. Поголемиот, 27 инчен модел пак доаѓа со 1 TB диск со 7200 rpm во старт и чини 1999 долари за почетниот модел.

Покрај подобрувањата во дисплеите и новата серија на Skylake процесори, новите iMac компјутери доаѓаат и со подобрени маус, тастатура и тачпад, кој сега го има веќе добро познатиот Force Touch.

Кога ќе сумираме, бавниот хард диск настрана, Apple повторно покажува дека кога се „Се во Едно“ компјутерите во прашање, се уште му нема рамен – многу производители немаат ниту монитори со толкава резолуција во понудата, а не целосен компјутер вграден во самиот монитор.

iMac21_wMouse_Mavericks_PRINT-520x746

Извор: Wired, Techno Buffalo, The Next Web

Претходна статијаFacebook тестира нови функции за видео содржина
Следна статијаНовиот Toshiba DynaPad „2 во 1“ компјутер е наменет за уметниците