Acer можеби е производител кој не е присутен со иновации во мобилната технологија, но затоа имаат што да покажат со својата Predator гејмерска линија на компјутери. Неодамна, тие покажаа чудовиште од лаптоп со 21 инчен заоблен и супер широк дисплеј и механичка тастатура, а сега претставуваат десктоп гејмерска машина, на чии перформанси можат да позавидат и серверските машини и тркалца за полесно да може да се пренесува.

Идејата со тркалцата е можеби нова, но со оглед на тоа колкаво е куќиштето на Orion 9000 и не изгледа како особено корисна, освен ако не треба компјутерот да го преместувате од вашата спална во дневна соба за да играте на големиот компјутер. Куќиштето има и воздушно и водено ладење, со специјални зони за одведување на топлината надвор, како и стакло од левата страна, низ кое ќе се гледаат супер моќните компоненти.

Кога сме кај нив, избрани се најдобрите можни компоненти во моментов. Процесорот на пример е Intel Core i9 Extreme со 18 јадра, помогнат од максимум четири канален рам со страшен капацитет од 128 GB, до 44 TB простор и избор на Nvidia GTX 1080 Ti или AMD Radeon RX Vega графички од високата класа. Со овие компоненти во внатрешноста, дефинитивно нема да имате никаков проблем да ги играте сите најнови игри и на 4K резолуција, дури и во догледно време.

Спецификациите погоре сепак се за најмоќната варијанта – за оние кои не патат да играат на највисоки резолуциии, ќе има и послабо опремени модели, чија цена ќе почнува од 2.000 долари па нагоре.

Извор: Mashable, The Verge, ARSTechnica

Претходна статијаДонација на Неотел за реконструкција на Посебното основно училиште Иднина
Следна статијаMoto го претстави X4, смартфон од средно-високата класа со ексклузивен дизајн