На само еден ден пред претставувањето на новиот iPad од Apple, значи ние со мало задоцнување ја пренесуваме оваа вест, Acer го претстави нивниот Chromebook Tab 10, исто така наменет за образовните институции и корисници.

Acer Chromebook Tab 10 доаѓа со 9,7 инчен IPS екран со резолуција од 2048 на 1536 пиксели. Работи на не толку познатиот OP1 процесор кој е составен од две Cortex-A72 јадра и четири Cortex-A53 јадра. RAM меморијата на уредот изнесува 4 GB, додека просторот за податоци 32 GB.

Кога ќе се погледнат карактеристиките на Chromebook Tab 10, станува јасно за кого е наменет да му конкурира. Со него дури доаѓа и пенкалце кое за разлика од Apple, Acer не го наплатува посебно.

Цената на Acer Chromebook Tab 10 ќе изнесува 329 долари, што е исто како и основната цена на 9,7 инчниот iPad.

Сепак, она што според мене привлекува повеќе внимание, а посебно за нас што не живееме во САД, па ривалството помеѓу Google и Apple може не не засега до толку, е што овој таблет е првиот којшто работи на Chrome OS.

Овој оперативен систем се прослави работејќи на евтини модели на лаптоп компјутери, а можеше да се види на десктоп. Она што овозможи да има логика Chrome OS да биде ставен на таблет од некој производител е поддршката за инсталирање на Android апликации, без кои, да бидеме реални, таблет компјутерот би бил бескорисен.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Acer
Претходна статијаПет лекции од лично искуство како да си ги вратите парите како потрошувач
Следна статијаНов медиум во етерот – „1ТВ“ започнува со работа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.