ZTE е една од најпознатите компании во светот за производство на мрежна опрема, а изминатите години и по производство на мобилни телефони. Ова е кинеска компанија која е на врвот во својата земја, како и во светот.

Веќе одреден период оваа компанија има проблем со американските власти поради обвинувања дека соработува со Иран и Северна Кореа. Се работи за продажба на опрема на овие земји во вредност од повеќе стотици милиони долари.

Од компанијата имаат истакнато дека ваквите активности ќе престанат, а директорите кои биле одговорни за зделките, ќе бидат опоменати, а и ќе им бидат намалени или скратени бонусите.

Според американските власти, ZTE ги нема почитувано овие изјави, односно истите ги има дадено лажно. Според нив, директорите нити биле опоменати, нити им биле намалени бонусите, а договарањето со истакнатите земји продолжило.

Проблем со соработката со овие земји е што САД има воведено санкции спрема нив, па секоја соработка на некоја земја или компанија со овие земји, се смета за прекршување на овие санкции.

Причината поради која ZTE престанува со работа е што нивната работа во главно зависи од неколку компании од САД. Поточно, Qualcomm е главниот снабдувач со процесори за паметните телефони, а Google за оперативниот систем Android, кој иако е со отворен код, Google наплаќа лиценца за користење на нивните апликации од кои Play Store е основата и најважната.

ZTE не е во можност да продолжи да ги прави и продава своите уреди без овие компании, па тие истакнуваат дека престануваат со работа. Во известувањето од компанијата се истакнува дека тие се во контакт со американските власти со надеж дека ќе договорат тргање на забраната за извоз.

ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статијаКонгресот на САД ги објави сите реклами за кои се тврди дека се нарачани од Русија
Следна статијаCreative Hub ја претстави Македонија на Самитот Forbes во Израел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.