Keitaro го лансираше​ Amplus како дел од своето учество на овогодинешниот самит ​Code For America 2019, Oakland, California. Самитот е фокусиран на креирање на спој помеѓу технологијата и владините институции, односно креирање на функционални институции во дигиталната ера.

Панелот “Back to the Future with open data”, воден од членовите на тимот, Марко Боцевски и Марк Гибс, имаше цел да ги презентира можностите кои ги нудат отворените податоци и нивните придобивки во развој на економијата, промовирање на иновацијата и севкупно подобрување на животот на нашата планета.

Операциите базирани на податоци се дел од секоја модерна институција. Прилагодувањето на денешниот динамичен свет бара промена во ефикасноста на организациите при управувањето со податоци. Затоа целото нашето искуство и техничка експертиза, одлучивме да го посветиме на креирањето на иновативна платформа наменета за управување со податоци наречена Amplus!

Amplus​ е безбедна платформа за управување со податоци, којашто драстично може да го промени начинот на кој функционира една компанија или државна институција. Платформата ја зголемува вредноста на податоците со тоа што ги претвора податоците во корисни информации на дневно ниво.

Нашата цел е да им овозможиме на компаниите и институциите систематски да ги организираат и користат достапните податоци преку еден интуитивен портал. Создадовме решение кое ќе ги поврзе потребите за управување со податоци на владите и компаниите, а истовремено ќе ги задоволи нивните специфични барања.

Претходна статијаСметките на друштвените мрежи стануваат дел од апликацијата за американска виза
Следна статијаПешачки семафори во Виена ќе се вклучуваат автоматски преку поставени камери на истите