Кој го замени Елон Маск како Претседател на одборот на директори на Tesla

Замената на Маск доаѓа како резултат на спогодбата со Комисијата за хартии од вредност на САД поради случајот со приватизирање на компанијата

На почетокот од минатиот месец Елон Маск се договори со Комисијата за хартии од вредност на САД да истрагата која беше започната од страна на оваа владина агенција заврши со негова промена на позицијата Претседател на одборот на директори, како и да плати казна од 20 милиони долари.

Причината за „проблемите“ како што се сеќавате беше твитот на Маск со кој најави дека ќе ја приватизира Tesla, а за тоа има обезбедено финансиски средства. Во тој момент не најави од каде се обезбедени средствата, меѓутоа подоцна излезе дека преговорите не биле завршени и се правеле со Саудискиот суверен фонд кој на крајот се реши да ги инвестира своите пари во конкурент на Tesla.

Маск е променет од челото на одборот од страна на Робин Денолм која веќе е член на одборот на директори на Tesla, па е запознаена со работата на компанијата. Таа исто така е главен извршен директор за финансии во австралискиот оператор Telstra, но таа позиција ќе ја напушти поради новиот ангажман.

Таа покрај стандардните работи поврзани со компанијата кои следуваат со нејзиното работно место, ќе има задача и да внимава што прави Елон Маск, односно дека нема повторно да излезе во јавноста со некои информации кои може да и донесат нова штета на компанијата. Да потсетиме дека покрај Маск, 20 милиони долари мора да плати и компанијата поради неговиот твит.

„Јас верувам во оваа компанија, верувам во нејзината мисија и со нетрпение очекувам да му помогнам на Елон и на тимот на Tesla да постигнеме одржлива профитабилност и да овозможиме долгорочна вредност за акционерите“ – изјави Робин.

Со коментар за промената излезе и Елон Маск, па еве што тој имаше на кратко да каже:

„Робин има големо искуство и во технолошката и во автомобилската индустрија и таа има донесено значителен придонес во како член на одборот на Tesla во изминатите четири години помагајќи ни да станеме профитабилна компанија. Со нетрпение очекувам да работам уште поблиску со Робин продолжувајќи го развојот на одржливата енергија“.

ИЗВОРTesla
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаНов извештај од ОН покажува заздравување на озонската обвивка
Следна статијаПродолжува надградбата на Windows 10 October 2018 Update по пауза од неколку недели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.