Марк Закерберг е ко-основач на Facebook, а приказната за тоа е позната и започнува на универзитетот каде што има студирано. Од тогаш до денес оваа друштвена мрежа, првично наменета за неколку универзитети во САД, прераснува во најголемата мрежа која брои повеќе од 2 милијарди активни корисници во месецот.

Оваа позиција ја става мрежата во уникатна ситуација да има пристап до голем број на информации за своите корисници кои веќе одамна се истакнува дека тие се злоупотребуваат на помал или поголем начин, но тука е и ризикот од злоупотреба на информациите преку хакирање.

Дека Facebook се искористува на „дозволен“, но и недозволен начин веќе на сите ни стана јасно по неколкуте случувања кои добија поголемо внимание оваа година. Прво тука беа американските претседателски избори за кои се верува дека на голем број на гласачи е влијаено преку Facebook, искористувајќи ги интересите на корисниците за пуштање на лажни вести.

Потоа дојде Cambridge Analytica скандалот којшто ги потврди голем дел од овие обвинувања, а и ни покажа на кој начин сето тоа се правело. Тука е се разбира и најновото хакирање на мрежата преку кое е дојдено до информациите на околу 30 милиони корисници.

Сето ова на крајот се враќа кај Марк Закерберг којшто покрај тоа што е еден од основачите на мрежата, тој е и претседател на одборот на директори. Тоа значи дека Закерберг е најмногу вклучен во функционирањето на компанијата, па со тоа и одговорноста која тој ја има за случувањата е голема.

Група на акционери на Facebook имаат покренато иницијатива за замена на Закерберг од позицијата претседател на одборот на директори со независен којшто ќе треба подобро да се погрижи за работата на компанијата, како и своите акционери кои се загрижени.

Сепак, според информациите, моќта од аспект на гласови на Закерберг се проценува дека е до 60%, па се верува дека и овој обид за негова смена, кој не е прв, нема да заврши успешно.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаСослушувањето на Кавана: Пример за confirmation bias
Следна статијаДали знаеш колку интернет имаш на мобилен во моментов?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.