Скандалот кој беше актуелен до пред летото оваа година, Cambridge Analytica, можеби полека и почна да се подзаборава од луѓето. Сепак, тоа беше случај кој покажа како може да биде злоупотребена една мрежа која скоро се знае за нас, а посебно за нашите желби, интереси и преференции.
Без разлика дали од Facebook биле запознаени со случајот кога се случувал, односно дали го дозволиле или едноставно била невнимателни, случајот донесе одредени промени кои сепак не верувам дека ќе направат да не се случи ова повторно.
Тим Кук, директорот на Apple, во тоа време го критикуваше Закерберг и Facebook. Тој истакнуваше дека кога производот е бесплатен, тогаш корисниците се производот, алудирајќи на тоа дека се тргува со информациите за корисниците.
Запрашан во едно интервју, како тој би постапил во таква ситуација, тој истакнува дека тој не би се ни нашол во таква ситуација.
Според The New York Times, наводно навреден и изнервиран од изјавите на Тим Кук, Марк Закерберг издал наредба кон менаџерите во Facebook да користат стриктно Android телефони и да престанат да ги користат телефоните од Apple.
Дали ова навистина се има случено не сме баш сигурни, но кога ќе се земе во предвид реакцијата од страна на Facebook, можеби имаме и потврда. Тие истакнуваат дека секогаш ги мотивирале своите вработени и менаџери да го користат Android оперативниот систем, затоа што тој е најмногу познатиот и најкористениот систем во светот.