Еден од најпознатите интернет портали, пребарувачи и сопственик на сервиси како Yahoo Mail, Yahoo Messenger, не успеа да ја задржи својата популарност во денешното време на Google, Facebook, Instagram и слични.

Компанијата со нејзините сервиси беше продадена на Verizon, поточно стана дел од Oath компанија која Verizon ја има креирано за купување на повеќе компании заедно со Yahoo.

Претпоставувам дека од веста пред 2 години за продажбата на Yahoo, никој нема помислено на оваа компанија, иако таа никогаш не престана да функционира, заедно со единствениот останат познат сервис, Yahoo Mail.

Yahoo не само што продолжува со работа, туку од компанијата ќе се обидат повторно да станат познати, односно да вратат дел од својата популарност.

Логото на компанијата е целосно редизајнирано и истото ќе може да се види кај сите сервиси од компанијата. Редизајнот го има направено компанијата Pentagram која е позната во САД по повеќе проекти, а тие го објаснуваат редизајнот на нивната страна.

Како што може да се види од сликата, виолетовата боја е промената, односно сега има друга нијанса. Фонтот е исто така променет, а може да се забележи дека сите букви се мали, а посебно се истакнува аголот на наклонот на буквата „y“ и познатиот извичник на крајот.

Од компанијата покрај освежувањето на брендот, претставија и целосно нови мобилни апликации за Yahoo Mail достапни на Android и iOS. Апликацијата, како и претходно е замислена да може да функционира и со останатите мејл сервиси, не само со нивниот, па корисниците може да ја користат оваа апликација доколку им се допаѓа повеќе од другите.

Новата апликација овозможува подобро организирање на пораките, со нивно групирање според видот, а исто така овозможува полесно пронаоѓање на датотеките кои се добиени преку мејл, кои може да се гледаат во посебен дел за истото.  

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНајреномираното регионално еСпорт натпреварување – Good Game доаѓа во Скопје
Следна статијаКупи dry-fit маица од Skopje Run 10K и #ЗасадиВоздух во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.