Кога ќе се спомене брендот Xiaomi до ден денес на корисниците им текнува веднаш една работа. Одлични и квалитетни уреди, со драстично пониска цена од конкуренцијата.

Ова „правило“ кое сепак по некое време почна да биде карактеристика на повеќето кинески производители, не е баш така исто денес. Xiaomi остануваат меѓу ретките производители кои иако продолжуваат со претставување на одлични модели, цените, барем до неодамна, го задржаа прилично ниското ниво.

Пред неколку месеци, при претставувањето на Redmi Note 7, Xiaomi најавија дека овој бренд ќе продолжи да функционира посебно. Redmi брендот обично го сочинуваат уреди од ниската и средната класа, а Xiaomi остана како бренд да биде идентификуван како бренд од високата класа.

Тоа можеби можеше да се сфати и како најава за оваа вест. Xiaomi најавува дека нивните уреди во иднина ќе се продаваат по повисоки цени, а една од причините за тоа е желбата да брендот не биде поврзуван со уреди со ниска цена.

Корисниците сепак не верувам дека ќе изгубат многу. Тие што не сакаат да платат повеќе, секогаш ќе ја имаат пониската класа, односно Redmi серијата ако сакаат сепак да купат Xiaomi уред, а зголемувањето на цените сигурно нема да биде на ниво на Samsung и Apple.

Претходна статијаБез изговори, без оправдувања! Паркирај одговорно, секогаш и секаде
Следна статијаFirefox Send е нов сервис за испраќање на датотеки со акцент на приватноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.