Xiaomi_Store

Xiaomi како бренд веќе им е познат на повеќето корисници. Главната причина за тоа може слободно да се каже дека е нивната понуда на паметни телефони од неколку категории, сите понудени со пониски цени од конкурентите, барем во одредени пазари.

Како и секоја успешна компанија, Xiaomi не остана нудејќи само телефони, па од компанијата можеме да видиме производи како паметни телевизори, преносни батерии, слушалки и повеќе.

Според неофицијални информации до кои што имаат дојдено од Bloomberg од луѓе кои што наводно се запознаени со случувањата, Xiaomi размислува за влез на пазарот на лаптоп компјутери.

Целта на компанијата е да им конкурира на своите најголеми конкуренти, а тоа се Lenovo и Apple кои што веќе имаат одлични понуда во оваа категорија на производи.

Според информациите, за оваа цел Xiaomi веќе е во преговори со Samsung за набавка на мемориски чипови, а се најавува и можност за набавка и на екраните.

Сепак, повеќе детали не се дадени, па не знаеме ништо поврзано со дизајнот кој што е планиран. Ова го истакнуваме поради фактот што Xiaomi секогаш нудат производи со интересен и нестандарден дизајн, па доколку навистина понудат на пазарот лаптоп компјутер, сигурно може да очекуваме тој да изгледа одлично.

Исто така, ќе биде интересно да се види за кој оперативен систем би се одлучиле од компанијата. Дали компјутерите би работеле на Windows 10 или можеби би се одлучиле да вклучат некоја изменета верзија од Linux која што би била развиена од страна на компанијата.

Ова е начинот на кој што работат Xiaomi паметните телефони, односно на целосно изменета верзија на Android оперативниот систем.

Извор: Bloomberg, The Verge

Претходна статијаHAIKU – Едноставен паметен асистент за велосипеди
Следна статијаLG SmartThinQ – Сензор кој ги „опаметува“ домашните уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.