СКОПЈЕ, 25 ЈУЛИ 2019: Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес го започнува годишниот студентски натпревар – WIZZ предизвикот за млади. Интернационалниот натпревар ги повикува студентите од универзитетите и колеџите да ги покажат своите вештини за бизнис, критичко размислување и решавање на проблеми така што ќе работат на вистински бизнис предизвик поставен од лидерскиот тим на Wizz Air.

Овогодишниот натпревар ги предизвикува студентите да претстават креативна, иновативна и уникатна идеја која ќе може да биде интегрирана во одржливата стратегија на Wizz Air и која ќе помогне на WIZZ да остане најзелената авиокомпанија во Европа.

Тимови на студенти треба да го регистрираат својот интерес на https://www.wizzyouthchallenge.com/ до 1ви септември 2019, каде ќе добијат дополнителни детали за процесот на натпреварот. Тие кои ќе влезат во потесниот круг во финалето ќе бидат поканети да ја претстават својата идеја на врвниот менаџмент на Wizz Air во Будимпешта меѓу 14-15ти октомври 2019.

Среќните добитници на првото место не само што ќе добијат бесплатно патување преку широко-разгранетата мрежа на Wizz Air од преку 650 рути до 147 дестинации во текот на целата година, но исто така ќе ја видат нивната идеја имплементирана во бизнисот. Второ и трето пласираните тимови ќе добијат бесплатно повратно патување до WIZZ дестинација по нивен избор.

Повеќе информации за WIZZ предизвикот за млади се достапни на [www.wizzyouthchallenge.com].

Stephen Jones, Заменик Генерален Директор и Менаџерски Директор на Wizz Air кажа: „WIZZ предизвикот за млади им дава уникатна шанса за студентите на универзитетите и колеџите да имаат влијание врз вистински бизнис проблеми. Учесниците не само што ќе добијат шанса да стекнат професионално искуство, туку тие ќе имаат животна шанса да научат повеќе за авијациската индустрија како и да добијат совети и насоки од менаџментот на Wizz Air.

„Одржливоста е нешто што го сфаќаме сериозно во WIZZ и се гордееме со тоа што сме најзелената авиокомпанија во Европа. Ние постојано бараме иновативни идеи и решенија кои ќе ги дополнат нашите веќе постоечки одржливи иницијативи, а најдобро место на кое можеме да се обратиме за ова се идните бизнис лидери во Европа.“

Претходна статијаHuawei се искачи за 11 места на Fortune 500
Следна статијаHMD Global ги претстави Nokia 220 4G и Nokia 105