Скопје, 15 декември 2016: Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа и лидерска авиокомпанија во Македонија, денес ја објави новата рута од Скопје до главниот град на Унгарија, Будимпешта. Најновата услуга на WIZZ ќе започне на 2 април и ќе се спроведува два пати неделно, во среда и недела. Седиштата се веќе на продажба и можат да се резервираат за само 1.199 МКД* на wizzair.com

Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис аспект, така и за туристите кои патуваат за задоволство. Покрај неговата погодна локација, во срцето на Европа, познат е по своето богато културно наследство, одлична кујна и богат ноќен живот. Со новата рута, WIZZ исто така нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отварајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа по најниските цени на Wizz Air.

Првиот лет на WIZZ од Скопје, полета во јуни 2011 година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во октомври 2012 година, Wizz Air ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.

Во првите 11 месеци од 2016, Wizz Air пренесе околу 1 милион патници со неговите ниско-буџетни македонски рути, поддржувајќи повеќе од 700 локални работни места** во различни индустрии.

WIZZ сега нуди 26 рути до 11 држави од Македонија.

 НОВАТА РУТА НА WIZZ AIR ОД СКОПЈЕ:

Дестинација Денови Почеток Цени од*
Будимпешта Среда, Недела 2 април 1.199 МКД

Gabor Vasarhelyi, Менаџер на комуникации во Wizz Air, изјави: “Како најголема авиокомоанија во Македонија, чест ни е да објавиме уште една одлична дестинација од Скопје. Будимпешта е сега достапна по нашите ниски цени овозможувајќи на нашите македонски патници да откријат уште една од европските метрополи со брз развој. Одличната локација на Будимпешта и нашата широко мрежна рута, обезбедува различни можности за посета и на други WIZZ дестинации од Македонија. Седишта на нашата најнова рута од Скопје се достапни од само 1.199 МКД на wizzair.com. Нашиот пријателски расположен локален екипаж ве очекува да ви посака добредојде на летот на нашиот нов Airbus авион.

Претходна статијаЕлон Маск од Tesla и Тревис Каланик од Uber ќе го советуваат Доналд Трамп
Следна статијаСе плашите дека некој ќе ви ја украде идејата?