Овој реномиран македонски бренд за здрава храна ќе ги изложи своите иновации на специјален штанд во склоп на саемот и официјално на 14ти мај оваа година.

Со самиот овој избор Виталиа истовремено се здобива со признанието SIAL INNOVATION SELECTION 2019 чие лого може да го аплицира на своите производи и промотивни материјали, а кое понатаму го олеснува пласманот на самиот производ на кинескиот пазар.

Колагенската линија е најновата иновација на Виталиа која набргу по светската промоција во Шангај ќе биде промовирана и на саемот PLMA Амстердам, а потоа достапна и за потрошувачите во Македонија и останатите 55 земји во кои извезува компанијата.

Линијата се состои од продукти од колаген, инстант колаген, мусли со колаген и оризови каши со колаген, нов тренд во функционалната здрава исхрана. Ова е огромно признание за македонската компанија за здрава храна Виталиа, потврда за сите напори и заложби да креира иновативни здрави производи според потребите на модерните потрошувачи.

Саемот SIAL Шангај е исклучиво важен настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија, а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика и претставници од најголемите компании од сите земји во светот, да разменат идеи и да ги следат новите светски трендови. Но најважно од се е да се зајакнат постоечките и да се остварат нови познанства кои ќе помогнат овој македонски бренд уште повеќе да расте.

Претходна статијаGalaxy S10+ е доказ дека Samsung не планира да го изгуби местото на пазарот
Следна статијаНеофицијални слики ни го покажуваат можниот изглед на Google Pixel 3a телефоните