Ова лето Facebook ја најави својата криптовалута, која се очекуваше и беше предмет на шпекулации подолг период. За разлика од очекувањата, Libra валутата не беше најавена како валута во сопственост на Facebook, туку беше креирана организацијата наречена Libra Association во која Facebook го нема мнозинскиот пакет.

Во Libra Association беа промовирани имиња со кои стана јасно дека оваа криптовалута ќе биде сериозно развивана, до толку што изгледа ги загрижи властите во повеќе земји во светот. Тоа доведе до одредени притисоци од финансиските, па и други делови од властите, најави за контроли и слично, по што се стави во прашање иднината на Libra, барем блиската иднина.

Минатата недела PayPal беше првата компанија која го најави своето излегување од Libra Association, а беше најавено дека и други познати компании ќе го направат истото.

Другите компании кои го најавија своето излегување од Libra Association се Visa, Mastercard, eBay и уште неколку други кои барем на нас тука не ни се до толку познати.

Според информациите во САД било најавено дека ќе се прави поголема контрола, не само на Libra валутата, туку и на останатите бизниси кои ги имаат компаниите кои станаа дел од организацијата.

Libra Association денес треба да го има својот прв состанок со компаниите членки, па се очекуваат повеќе информации за што е тоа што може да се очекува во иднина од оваа организација и нејзината криптовалута.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПовик до млади иноватори за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост
Следна статијаSamsung со видео за проверка на „burn-in“ кај OLED телевизорите ќе се обиде да ви продаде QLED телевизор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.