Скопје, 06.06.2019г. – Vip продолжува да ја збогатува својата понуда и пред почетокот на летната сезона најавува атрактивна промоција за новите Vip Припејд корисници.

Со новата промоција, новите корисници кои ќе изберат Vip Припејд SIM-картичка од 299 денари со 1 SIM-картичка, или ќе изберат Vip Duo SIM пакет од 399 денари со 2 SIM-картички добиваат неверојатни 10GB интернет.

Дополнително, новите корисници добиваат и неограничени разговори во мрежата на Vip во првата недела од активацијата, 50 денари кредит и пакет Vip Пријатели, со кој корисниците имаат можност бесплатни разговори со сите Vip Припејд корисници за наредните 30 дена.

Пакетите не треба да се активираат автоматски, корисникот ги добива откако ќе ja активира SIM картичката, при што ќе биде известен со SMS.

Вклучените 10GB интернет при првичната активација се со важност за период во првите 2 недели од активирањето, а по истекот на овој период автоматски ќе се активира месечниот пакет со 10GB интернет за 499 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во Vip за 79 ден. Пакетот Vip Пријатели се обновува автоматски по цена од 59 ден.

Воедно, сите постоечки Vip Припејд корисници исто така можат да го активираат Пакетот од 10GB интернет со испраќање на SMS на 1410 со текст START MESECEN 10GB за само 499 ден.

Оваа промоција важи ограничен временски период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk  

Претходна статијаGoogle Chrome 75 го донесува режимот за читање во стабилната верзија од прелистувачот на десктоп
Следна статијаШто ќе значи тргањето на iTunes од macOS Catalina?